• Саше Љолес
Италијанецот Карло Анчелоти испиша нова историја после натпреварот на Реал Мадрид против Ливерпул, станувајќи тренер со најмногу мечеви во Лигата на шампионите.
Дон Карло го мина на вечната листа легендарниот Сер Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед и сега има 215 мечеви во елитата, еден повеќе од „стариот лисец“. До оваа бројка Анчелоти стигна како тренер на Реал Мадрид, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн Минхен и Парма.
За потсетување, Италијанецот е рекордер и по бројот на освоени шампионски титули во Лигата на шампионите (вкупно пет трофеи во кариерата). Оваа сезона има голема мака да ја пронајде формулата за успех со тимот кој минатата година повторно триумфираше во елитниот ранг на УЕФА.