Домжале како легенда го испрати гостиварчанецот Зени Хусмани

Македонскиот интернационалец Зени Хусмани ја заврши авантурата во словенечки Домжале и беше испратен со стил од соиграчите, стручниот штаб и навивачите.

33-годишниот Хусмани, кој е роден во Гостивар, а зад своето име има настапи во младинските селекции на Македонија, беше дел од Домжале од 2020 година. Во изминатите четири години тој стана клупска легенда со рекордни 250 настапи во шампионатот на Словенија, а ја носеше и капитенската лента.

Засега, не е познато каде Хусмани ќе ја продолжи кариерата. Играчот двапати настапуваше за Домжале, еднаш од 2012 до 2018 година и вторпат од 2020 до 2024 година. Исто така беше дел и од македонска Шкендија, турски Гиресунспор и хрватски Шибеник.