• Саше Љолес
Олимписката репрезентација на Шпанија го оствари и вториот триумф на фудбалскиот турнир во Париз, откако славеше со сигурни 1-3 (1-1) над Доминиканската Република. „Фуријата“ со оваа победа прва обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Олимписките игри.
Шпанија поведе во 24. минута преку Фермин Лопез, но Доминиканците успеаја да израмнат после 14 минути преку Монтес Де Ока. Сепак, европската селекција имаше многу повеќе од играта и доби бројчана предност по црвениот картон за Едисон Азкона, но на паузата остана истиот резултат (1-1).
Вторите 45 минути очекувано донесоа силовит пристап на Шпанците, кои заиграа многу поконкретно и тоа вроди со плод по само десет минути игра, кога Алекс Баена го врати водството, а конечните 1-3 беа дело на играчот на Џирона, Мигел Гутиерез.
- Извештај од натпреварот:
Судиите долго го прегледуваа третиот погодок во ВАР-собата, но после петминутно чекање, истиот беше признат и Шпанија веќе беше сигурна во освојувањето на нови три бода во групата Ц. Во оваа конкуренција се уште селекциите на Египет и Узбекистан, кои меѓусебе играат попладнево.