Доминацијата на Барса потврдена, Ханси Флик е тренер на месецот

Германецот Ханси Флик го доби признанието за најдобар тренер во Примера за септември, откако со Барселона оствари перфектен биланс во натпреварите од шпанското првенство во текот на месецот.

Каталонскиот гигант забележа четири победи од четири натпревари, а убедливите резултати ја задржаа Барселона на врвот на табелата. Тимот на Флик во септември славеше против Валенсија со 5-0, над Леванте со 4-2, го уништи Расинг Сантандер со 7-2 и ја победи Севиља со 3-1.

Со вкупно 21 освоен бод по седум одиграни кола, Барселона моментално е лидер во Шпнија, а германскиот стратег продолжува да ја гради препознатливата игра на тимот.

Во изборот за тренер на месецот, Флик доби предност пред Диего Симеоне, кој го предводи Атлетико Мадрид, и Мануел Пелегрини, тренерот на Бетис.

Признанието претставува уште едно индивидуално одличје за Флик по одличниот старт на сезоната, во која Барселона засега го држи врвот во шпанското првенство. 

Домашните предизвици за Барса продолжуваат на десетти октомври, кога на својот „Камп Ноу“ ќе ги одмери силите со екипата на Хетафе.