• Мартин Танасковски
Екипата на Галатасарај е на прагот да ја освои двојната круна во турскиот фудбал, затоа што тимот победи во финалето од Купот на Турција.
„Лавовите“ од Истанбул во финалето славеа над Трабзонспор, кого го добија со убедливи 3-0. Човек на натпреварот беше нигерискиот шпиц Виктор Осимен, кој беше двоен стрелец, двапати погоди во второто полувреме.
Претходно, во листата на стрелците се запиша и Јилмаз во 5. минута. Трабзонспор даде почесен гол на мечот во 74. минута, преку Нвакаеме, но ВАР го поништи заради офсајд.
За Галатасарај ова беше деветнаесетти трофеј во Купот на Турција.

