Доминација без граници: Баерн сруши рекорд стар 54 години и испиша историја! (ВИДЕО)

Баерн Минхен демонстрираше апсолутна доминација и славеше убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Сент Паули, во натпревар во кој гостите беа класа над противникот.

  • Извештај од натпреварот:

Баварците го отворија резултатот уште во раната фаза преку Јамал Мусиала, кој донесе предност од 0-1, по што целосно ја презедоа контролата врз играта. До крајот на натпреварот следуваше вистинска офанзивна рапсодија на гостите, а во листата на стрелци се запишаа и Мајкл Олисе, Горецка, Џексон и Гуереиро.

Покрај убедливиот триумф, овој натпревар ќе остане запаметен и по историскиот момент – Баерн Минхен стигна до 105 постигнати голови во сезоната во Бундеслига, со што постави нов апсолутен рекорд и го надмина легендарниот учинок од 101 гол во сезоната 1971/72.

Со оваа победа, Баерн уште еднаш ја потврди својата офанзивна моќ и доминација, испишувајќи нова страница во историјата на германскиот фудбал.