Доменико Тедеско има јасен фаворит за Европското првенство

Според бубмејкерите Англија и Франција се главни фаворити за освојување на Европското првенство во фудбал. Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско посочи кого го смета за главен фаворит на шампионатот кој почнува в петок. 

„Франција е во одлична позиција, но и Португалија имаше фантастичен резултат во квалификациите. Шпанија, Англија и секако Германија на домашен терен веројатно ќе бидат главни фаворити“, смета Тедеско.

Белгија, според Тедеско, ќе биде подготвена да изненади и тој очекува неговата репрезентација најпрво успешно да ја мине првата фаза од турнирот. Белгија се наоѓа во група со Романија, Словачка и Украина.

На првиот меч на Европското првенство, Белгија ќе се сретне со Словачка на 17 јуни.