Домаќините доминираа во ВМФЛ-Исток, Брегалница испушти триумф со Плачковица

Домаќините во Втората лига-Исток беа расположени и победија на четири од пет натпревари кои се одиграа во рамки на 26. коло од натпреварувањето.

Во првенството се е решено и се знае кој на која позиција ќе заврши. Лидерот Борец од Велес гостуваше кај Кожуф од Гевгелија, каде загуби со 3-1 (2-0). Скендери, Чурлинов и Зајков погодија за домаќинот, додека единствен стрелец за Борец беше Ѓорѓиев.

Брегалница Штип на домашен терен водеше, но не успеа да слави во дуелот со Плачковица (2-2). Со головите на Велиновски и Илијев домашните водеа со 2-0, но гостинот не се предаде па ја расипа перфекцијата на домаќините во самиот финиш.

Три бода прокнижи и Каменица Саса, со победа од 3-0 над Вардар Неготино. Доминантен беше и Тиквеш, кој со голови на Мојсов, Најдов и Ристовски со 3-0 беше подобар од Детонит Јуниор.

Во првиот натпревар од претстојното коло, Кит-Го Пехчево имаше доминација и со 11-0 беше подобар од Партизан Обршани.