Долгоочекуваното засилување на Баерн денес ги поминува лекарските прегледи

Павар

Долго време се чека на официјализација на трансферот на Бенжамин Павар во екипата на Баерн Минхен.

23-годишнот дефанзивец одигра одлично за репрезентацијата на Франција на Светското првенство, а прикажува солидни игри и во дресот на Штутгарт

Проблемот за Баварците ќе биде договорот на Французинот со сегашниот клуб. Истиот е во трајност до 2021 година и ќе го натера актуелниот германски првак да плати обештетување од 40 милиони евра.

Како што пренесува „Кикер“, лекарските прегледи за новото засилување на тимот на Нико Ковач се закажани, што значи дека управата се согласила да ја исплати високата сума.

По една сезона во Лил, младиот француски интернационалец ја продолжи кариерата во Бундеслигата каде настапува во последните три сезони.