• Саше Љолес
Килиан Мбапе конечно се приклучи на новите соиграчи во Реал Мадрид и веќе ги одработи првите тренинзи со „кралевите“. Францускиот ас доби подолг одмор по завршувањето на Европското првенство, но тој веќе е во шпанската престолнина и се подготвува за европскиот Суперкуп против италијанската Аталанта.
Шпанските медиуми на големо пишуваат дека и покрај долгиот одмор, Мбапе е во извонредна форма и најверојатно ќе стартува од првата минута во мечот за првиот сезонски трофеј. Се претпоставува дека ќе игра како класична „деветка“, односно ќе му ја препушти левата офанзивна позиција на Бразилецот Винициус Жуниор.
Тренерот Карло Анчелоти изјави дека Мбапе одлично се вклопува во неговите тактички замисли, а тоа уште повеќе ги подгреа надежите дека Французинот ќе биде во првиот состав за Суперкупот на УЕФА.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Аталанта е закажан за 14 август во 21:00 часот, а ќе се одигра на стадионот „Народови“ во Варшава.