Докторот со јасна порака: Михајловиќ ќе се врати, ви тврдам одговорно! 

На прес-конференцијата на која Синиша Михајловиќ соопшти дека боледува од леукемија, се обрати и докторот Џани Нани, кој ја искористи приликата и истакна дека српскиот стратег ќе ја победи болеста и ќе му се врати на фудбалот. 

„Пред 20 години тоа беше невозможно, но сега имаме нови методи за лекување од таа болест. Можеме да ја победиме болеста, ви тврдам одговорно. Денес слободно можеме да зборуваме за тренерската иднина на Синиша, затоа што сум сигурен дека тој ќе се врати и повторно ќе седнe на тоа столче. Денешната медицина е далеку поефикасна од таа во минатото“, рече Нани. 

Поради терапијата која треба да ја прима, Михајловиќ е приморан да го напушти кормилото на Болоња, со која лани успеа да обезбеди опстанок во Серија А, иако речиси никој не веруваше во тоа. 

Српскиот тренер доби поддршка од Болоња, од скоро сите негови поранешни клубови, пријатели, соиграчи тренери.