• Иван Димовски
Унаи Емери стана вистински кошмар за Баерн Минхен, откако неговата Астон Вила го изненади германскиот гигант и во Бирмингем го совлада со 1-0 во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стратег со оваа победа се израмни со „специјалниот“ Жозе Мурињо, бидејќи славел против баварците со три различни екипи. Емери го победуваше Баерн со Астон Вила, ПСЖ и Виљареал, додека Мурињо тоа го направи со Челзи, Интер и Реал Мадрид.
Оваа победа е уште една потврда за одличната работа која Емери ја врши во Астон Вила. Фактот дека успеа да го совлада Баерн со уште еден релативно „помал“ клуб е со сигурност за огромна лична сатисфакција, но и респект во фудбалскиот свет.