• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски и во новата сезона ќе го чува голот на кипарска Докса Катокопијас, затоа што неговиот клуб го смета за прв голман на тимот и понатаму и не дозволи трансфер во овој преоден рок.
Шишковски бранеше за Македонија во претстојниот циклус во Лигата на нациите, а со кипарскиот тим претходно избори опстанок во елитното друштво. Фати неколку пенали кои беа клучни, имаше и одбрани кои донесоа бодови, па за него се заинтересира летонска Лиепаја која заврши на третата позиција на табелата.
Клубот крои тим за Конференциската лига на УЕФА, па Шишковски беше нивен прв избор за нов голман. Меѓутоа, Докса ја искористи можноста да одбие понатамошни преговори и покрај добрата понуда за трансфер, затоа што Шишковски има договор со кипарскиот тим до 2024 година.
Заедно со Шишковски во Докса настапува и Душко Трајчевски, па и двајцата остануваат на Кипар и во сезоната која следи.