Докса го претстави Шишковски за нов голман на тимот

Сега веќе поранешниот член на Работнички, Дамјан Шишковски и официјално кариерата ќе ја продолжи на Кипар каде ќе го носи дресот на Докса Катокопиас.

Репрезентативниот чувар на мрежата преговараше со неговиот матичен клуб, но откако не дојде до договор, се реши за нов интернационален предизвик и се сели на Кипар. Нема да биде сам во тимот, затоа што таму ќе има добропознато друштво во името на Душко Трајчевски, некогашен капитен на Работнички и негов соиграч.

Токму Трајчевски го препорачал Шишковски во Докса Катокопиас, а челниците се решиле да му ја дадат довербата на македонскиот голман. Официјализација на Шишковски се очекува да има наскоро. За 25-годишниот голман ова ќе биде четврти странски клуб по Гент (Белгија) и Лахти и Ропс (Финска).

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк