ФОТО: Доколку Саутемптон не ги продадеше овие 11 фудбалери ќе имаше страшен дрим-тим

Секој „помал“ фудбалски клуб би му се восхитувал на премиерлигашот Саутемптон, кој секоја година за огромна сума на пари ги продава своите ѕвезди, а веќе наредната повторно создава одличен тим кој е секогаш во врвот на Премиер лигата.

Од пред два дена Садио Мане е нов член на Ливерпул и стана петтиот фудбалер кој од Саутемптон во овие две години премина во тимот на Клоп (Лалана, Ловрен, Клајн и Ламберт), а исто така е втората ѕвезда што си замина од „светците“ по потписот на Ванјама во Тотенхем

Доколку политиката на клубот беше различна и ги задржеше сите ѕвезди во тимот, моментално Саутемптон ќе имаше дрим-тим кој сигурно ќе се бореше за титула во Премиер лигата. 

Погледнете од кои играчи Саутемптон одлучи да се ослободи во последните неколку години:

Вреди да се напомене дека од овој клуб во период од три години заминаа и двајца одлични менаџери, Марицио Покетино и Роналд Куман.