Докажан наместениот натпревар во Лига Европа, драконски казни за обвинетите

Бордо

Екипата на Вентспилс од Летонија доби висока казна, поради наместен натпревар, кој неодамна беше докажан пред суд.

Се работи за дуелот против Бордо во јули 2018 година. Судијата Сергеј Лапочкин заработи суспензија од десет години, бидејќи не ја известил УЕФА за барањата кои биле доставени до него.

Суспендиран е и спортскиот директор на летонската екипа Николајс Диакинс, а тренерот Адлан Шишканов доби доживотна забрана за било каква работа поврзана со фудбал.

Натпреварот заврши со победа на францускиот тим со резултат 0-1, а обвинетите добија казна врз основа на „мито, корупција и кршење на интегритетот на натпреварот“.