ФОТО: Доказ дека Суарез е најомразениот играч во историјата на „Олд Трафорд“!

Екипата на Барселона можеби не одигра во свој стил и не доминираше така на терен, но со голема победа си замина од „Олд Трафорд“ на својот прв натпревар од четвртфиналанта фаза на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед (0-1). 

Моментот на одлука се случи во 12. минута кога Суарез со помош на Лук Шо ја смести топката во мрежата на Де Хеа, а откако реши да прослави пред навивачите на Јунајтед за возврат доби многу пцовки и гестикулации со рацете, како оној со покажување на средниот прст. 

Веќе е познато дека Суарез е еден од најомразените фудбалери на „Олд Трафорд“ пред сè заради расните навреди кон Патис Евра кога играше за Ливерпул.

Оваа фотографијата е доказ за тоа.