ВИДЕО: Дојл со „бомба“ од 30 метри го однесе Шефилд понатаму во ФА Купот

Екипата на Шефилд Јунајтед на домашен терен успеа да го победи Блекбурн (3-2) и така се пласира во полуфиналето од англискиот ФА Куп.

Моментот на одлука се случи во самиот финиш, кога во 91. минута Томас Дојл постигна вистински еврогол. Играчот од средниот ред на Шефилд доби топка од Берг и испрати „бомба“ од триесет метри во мрежата на Блекбурн.

  • Извештај од натпреварот: 

Останатите голови за Шефилд беа дело на Мекбарни и на Галагер кој си постигна автогол, додека за Блекбурн погодија Бреретон Диаз и Шмодич.

Покрај Шефилд Јунајтед, во следната фаза од ФА Купот се пласира и Манчестер Сити со убедлива победа над Барнли (6-0), а останатите полуфиналисти ќе ги добиеме по комплетирањето на дуелите Ман. Јунајтед - Фулам и Брајтон - Гримсби.

Состави

Paul Heckingbottom

3-5-2

    Јон Дал Томасон

    4-2-3-1