• Иван Димовски

Екипата на Монца промовира ново име, повторно од таборот на Интер. На позајмица до крајот на сезоната пристигна Стефано Сенси.
26-годишниот фудбалер за врска, кој своевремено се сметаше за иднината на италијанската репрезентација, се мачеше со повреди. Во Интер не може да добие континуитет и да игра премногу, беше позајмен во Сампдорија, а сега ќе заигра за екипата на Силвио Берлускони. Овој трансфер е дело на Андреа Галијани кој го пречека и потпиша со Сенси за едногодишна позајмица.
La scheda di Stefano Sensi! https://t.co/JVMyd3iCNt pic.twitter.com/RpTRdTiftV
— AC Monza (@ACMonza) July 2, 2022
Сенси започна во младинската школа на Чезена, а преку Сан Марино дојде до Сасуоло. Во таборот на „неровердите“, играчот за врска блесна и се прокажа како еден од најдобрите на својата позиција. Во 2019 година тој прејде во Интер, прво на позајмица, а потоа беше откупен во зделка вредна околу 27 милиони евра. Сепак, повредите си го направија своето и Сенси не играше доволно, а сега во обид да ја оживее“ кариерата потпиша со новиот прволигаш.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.