• Сашо Поповски
Серхио Рамос пристигна во ПСЖ ова лето како дел од пакетот засилувања кои треба да ја однесат екипата на врвот на Европа.
Шпанскиот дефанзивец на почетокот на сезоната се мачеше со повреда. Сега таа е минато, што значи дека наскоро искусниот фудбалер ќе го има дебито за „светците“.
Според најавите на француските медиуми, 35-годишникот ќе биде подготвен за следната првенствена средба на Пари Сен Жермен. Парижани в петок во рамки од 10. коло на Лига 1 ќе го пречекаат Анжер.
Поранешниот капитен на Реал Мадрид пристигна во Париз, откако не успеа да договори продолжување на соработката со Флорентино Перез.