Дојде без клуб и го покори континентот - Дани Алвес му ја донесе Копа Америка на Бразил

Бразил организираше потпросечна Копа Америка и по скоро една деценија пауза се закити со големиот пехар, прв во ерата на селекторот Тите. „Кариоките“ не загубија ниту еден натпревар, се провлекоа во четвртфиналето и во најдобрите изданија славеа победи од два разлика во полуфиналето и финалето. Успехот е издвојуван без најдобриот фудбалер, Нејмар, кој се повреди пред почетокот на турнирот во јуни.

Незгодниот Парагвај издржа да не прими гол против Бразил во четвртфиналето, но немаше така добри изведувачи на пенали како Бразилците и испадна во првата елиминациона фаза. Аргентина, која едвај ја помина групата, ја надигра Венецуела, а Перу приреди изненадување и по пенал рулетот го исфрли од турнирот фаворитот Уругвај. Казнени удари изведуваа и Чиле и Колумбија, а бранителот на трофејот имаше повеќе среќа и визира полуфинале.

Натпреварот кој сите го означија како финале пред финалето, епското Суперкласико меѓу Бразил и Аргентина, мина во знакот на Дани Алвес, Неговиот слалом донесе водечки гол на Габриел Хесус. Во вториот дел, по еден перфектен контра напад, Фирмино ја потврди победата (2-0). Аргентинците имаа серија на шанси, ја погодиja рамката од голот на Алисон, а рекламираа и два пенали, кои дури и ВАР-системот кој мистериозно не функционираше, не ги забележа. Чиле требаше само да ја потврди класата против Перу, но Гереро и другарите целосно го надиграа тимот на Видал, Санчез, Медел и славеше со 3-0. 

Финалето на „Маракана“ беше рамноправно само едно полувреме. Евертон донесе предност за „кариоките“, но израмни Гереро од пенал. Во судиското надополнување на првиот дел Габриел Хесус ја врати предноста на избраниците на Тите, а во последната минута резервистот Ричарлисон ја потврди победата (3-1).

Во малото финале Аргентина го совлада Чиле со 2-1, во тензичен натпревар, во кој Лео Меси беше исклучен. Капитенот на „гаучосите“ по натпреварот ги критикуваше судиите и организаторите, па заработи казна од два натпревари неиграње.

Бразилските фудбалери ги однесоа сите инвидуални награди на Копа Америка. Најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот (40-та титула во кариерата) и човекот кој на турнирот дојде без клуб, Дани Алвес е МВП на натпреварувањето.

Како во својата втора младост поранешниот бек на Севиља, Барса, Јуве и ПСЖ како капитен на предводеше својата селекција до деветтата континентачна круна.

Најдобар голман на турнирот е Алисон Бекер, човекот кој прими само еден гол на турнирот, и тоа од пенал во финалниот натпревар. Најдобар стрелец е Евертон од Бразил со три постигнати погодоци, исто како и Гереро, а Бразил ја освои и наградата за фер-плеј.

На вечната листа Бразил само се доближи до водечките Уругвај и Аргентина кои водат со 15, односно 14 трофеи.