Дојчиновски делегат во Бриж, Божиновски контрола во Салцбург

УЕФА ги одреди официјалните лица за последните натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите и Лига Европа. Васко Дојчиновски ќе биде делегат в среда навечер на дуелот меѓу Бриж и Реал Мадрид во рамките од шестото коло од групата А на најсилното клупско натпреварување во Европа.

Емил Божиновски е одреден за контролор на клучниот натпревар за пласман во осминафиналето меѓу Салцбург и Ливерпул.

Жарко Игњатовски во Загреб ќе биде директор на натпреварот меѓу Динамо и Манчестер Сити, кој исто така одлучува за патниците во пролетните натпревари од групата Ц.

Македонските судии не се делегирани за последната активност на европските натпреварувања во 2019 година.