• Александар Ковачев

Во првиот натпревар од доигрувањето за опстанок во Бундеслигата, прволигашот Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен одиграа 1-1 (0-1) со второлигашот Нирнберг.. На денешниот натпревар домаќините имаа огромна подршка на преполната „Комерц Банк Арена“, на која присуствуваа 51.000 гледачи.
Eintracht Frankfurt fans are in good voice ahead of their relegation battle v. Nurnberg!!#Bundesliga #SGEFCNpic.twitter.com/F4ElrCgSnC
— HalfAGoal (@Half_A_Goal) May 19, 2016
Од самиот старт домашните фудбалери беа тие кои го диктираа темпото на натпреварот и го имаа поседот на топката. Создадоа повеќе прилики за гол, но во 42. минута следеше ладен туш за домашните фанови, откако својата мрежа ја погоди Марко Рус, по еден центаршут на противничкиот фудбалер и донесе водство за Нирнберг од 0-1.
HALF HOUR MARK
30min into the match - #Eintracht keep pushing!
65% possession, 5-1 shots, 4-0 corners.#SGEFCN #SGE pic.twitter.com/LkCm8PMLQo— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) May 19, 2016
Во продолжение домаќините продолжија со ист стил, односно имаа целосен притисок кон голот на Нирнберг. Како резултат на таквата игра во 65. минута, Мијат Гациновиќ со прекрасен удар израмни на 1-1. Во продолжение домаќините имаа опсада на противничкиот гол, но не успеаа да стигнат до погодок за победа. Нирнберг упати само еден удар кон противничкиот голман и тоа ударот на домашниот фудбалер Рус, кој си даде автогол.
Натпреварот по кој ќе се знае дали Ајнтрахт ќе остане во Бундеслигата или Нирнберг по две сезони поминати во „цвајте“ ќе се врати во елитата на Германија, ќе се одигра во Нирнберг на 23 мај.