Договорот нема да биде продолжен, Цветаноски си замина од Брера

Договорот на Матеј Цветаноски истече и официјално не е веќе играч на Брера, попладнево информираше клубот од Струмица

Изминатата првенствена сезона Цветаноски четири пати ги тресеше противничките мрежи, а уште толку беше асистент на колегите при гол во вкупно 25 натпревари во Првата фудбалска лига на Македонија.

„26-годишниот Цветаноски во иднина нема да го носи дресот на нашиот клуб откако актуелниот договор со овој крилен играч истече. Матеј, ти благодариме и ти посакуваме многу голови и во иднина“, стои во објавата на Брера.

Брера ќе претрпе многу промени во играчкиот кадар ова лето, затоа што покрај Цветаноски од тимот си заминаа и Александар Ристевски и Димитар Трајков, а има најави за трансфери на уште неколку надежи.