Договорот е постигнат: Санчо ќе потпише на пет години за астрономска неделна плата!

Санчо Џејдон

Џејдон Санчо се согласил на петогодишен договор со Манчестер Јунатед, кој ќе му донесе неделна плата од речиси 400.000 евра.

Останува уште Борусија Дортмунд да ја договори конечната откупна сума за која ќе се ослободи од англискиот офанзивец. Се споменува сума од 110 милиони евра, која ќе биде исплатена во наредните неколку години. Ова е драстично зголемување на пазарната цена на талентираниот фудбалер, кој во 2017 година за само десет милиони евра си замина од Манчестер Сити во Бундеслигата.

„Милионерите“ заминуваат на подготовки во Швајцарија наредната недела и сакаат што поскоро да го комплетираат договорот со „црвените ѓаволи“. Сепак, подготвени се да го задржат Санчо, ако Јунајтед не понуди посакувана цена. Годишната плата на Англичанецот во изминатите сезони беше шест милиони евра.

Тој ќе биде првото засилување за Оле Гунар Солскјер за наредната сезона, во која гигантот од „Олд Трафорд“ ќе се врати во Лигата на шампионите.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.