• Мартин Танасковски
Уште еден играч си замина од албанска Влазнија. Македонскиот фудбалер Дарко Додев ќе има нов клуб затоа што двете страни го раскинаа договорот.
25-годишниот крилен играч беше еден од подобрите играчи на Брегалница, а откако доби понуда од надвор, реши дека е време за нов предизвик. Нов клуб на Додев беше албанска Влазнија, ама двете страни се разделија.
Додев покрај за Влазнија досега играше за Брегалница и за Силекс, Тиквеш и Металург. Во последната сезона во ПМФЛ, Додев одигра 29 натпревари на кои забележа учинок од седум гола и единаесет асистенции.
Претходно, од Влазнија си замина и Костадин Чешмеџиев.