• Горан Упале
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед катастрофално започнаа уште една сезона, но нивниот менаџер Ерик тен Хаг не е вознемирен.
По неделниот пораз на „Олд Трафорд“ од Ливерпул, втор во првите три кола од Премиер лигата, Холанѓанецот изјави дека „црвените ѓаволи“ повторно ќе освојуваат трофеи и уште повеќе ги налути навивачите на англискиот великан кои веќе беа на работ на нивните нерви.
По почетниот триумф против Фулам (1-0), Јунајтед во претходното коло загуби од Брајтон (2-1) и го повтори неславниот старт на шампионатот од сезоната 2023-24. Така, Тен Хаг стана првиот клупски тренер во историјата кој бил двапати поразен во воведните три натпревари од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ загубија од Брајтон и Брентфорд минатата сезона.
По репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед гостува кај Саутемптон, повратникот во елитното друштво, кој заедно со Евертон е единствениот кој се уште нема освоено бодови.