Додека сите го критикуваат, Тен Хаг одново го брани Онана!

Андре Онана повторно одигра натпревар под очекувањата и поради него Манчестер Јунајтед, по кој знае кој пат оваа сезона, остана без планирана победа.

Камерунецот практично му подари два гола на Галатасарај во Лигата на шампионите. Двата по слободниот удар на Хаким Зијеч, но Ерик тен Хаг уште еднаш истакнa дека и победите и поразите се тимски.

„Андре Онана е во ред. Како што реков, никогаш нe зборувам за поединци. Се разбира, индивидуалните грешки можат да направат разлика во фудбалот и има одговорност за тоа, но ние секогаш гледаме да поправиме сè што можеме како тим", изјави Тен. Хаг.

На Јунајтед му треба чудо за да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите. Во последното коло треба го победи Баерн и да се надева на реми меѓу Копенхаген и Галатасарај.

Состави

Okan Buruk

4-3-3

    Рубен Аморим

    4-2-3-1