Додека се чека новиот сопственик, Глазгов му врачи отказ на Клемент

Филип Клемент повеќе не е тренер на Глазгов Ренџерс. Поразот од Сент Мирен и заостанување од 13 бода од лидерот Селтик во шкотската Премиер лига се едни од главните причини за шкотскиот гигант да го отпушти 50-годишниот белгиски стручњак.

Клемен не ги оправда големите очекувања, бидејќи овој месец беше елиминиран и од Купот на Шкотска по поразот од Квинс Парк (0-1), а навивачите беа многу лути поради тоа. 

„Клубот искрено му благодари на Филип за напорната работа и посветеноста во неговиот мандат. Клубот ќе ја информира јавноста за следните чекори“, стои во соопштението на клубот.

Дополнително, самиот клуб е во транзиција бидејќи веќе со месеци се водат преговори за продажба, а до крајот на сезоната се очекува „49 Ентерпрајс“ да купи мнозински пакет акции.