ВИДЕО: Додека Сантос реди победи, Нејмар игра покер!

Најголемата ѕвезда на Сантос, Нејмар, сè уште не се вратил во натпреварувачки ритам по настапот на Светското првенство, па затоа не беше дел од тимот во убедливата победа од 4-1 против венецуелскиот Универсидад Сентрал во Копа Судамерикана.

Додека закрепнува и добива дополнителен одмор, искусниот напаѓач го искористи слободното време за да присуствува на еден од најголемите покер турнири во Бразил. Настанот се одржува во хотел во Сао Паоло, а Нејмар беше специјален гостин и привлече големо внимание. Организаторите веднаш објавија фотографии и видеа од неговото пристигнување и учеството на покер масите.

Сепак, покерот наскоро ќе остане во втор план, бидејќи Сантос веќе викендов го очекува првенствениот натпревар против Чапекоенсе.

Според бразилските медиуми, Нејмар би можел да биде во конкуренција за настап, но стручниот штаб нема намера да ризикува со неговото здравје. Причината е што тој на Светското првенство настапуваше со здравствени проблеми, па клубот сака неговото враќање да биде постепено и без непотребен ризик.