ВИДЕО: Додека Рибери играше против Парма, неговиот дом мета на провалници

Францускиот интернационалец од Фиорентина, Франк Рибери бил мета на провалници во својот дом во Фиренца.

Порашената ѕвезда на Баерн Минхен објави видео и официјално обраќање околу случувањата и упадот во неговиот дом и нагласи дека е загрижен за своето семејство. 

„Мојата жена загуби неколку торби и накит, но тоа не е клучно. Се чувствувам како да сум гол. Тоа не минува така лесно, не го прифаќам. За среќа мојата жена и деца беа безбедни во Минхен, но како да верувам во градот повторно? Не играм фудбал поради милионите, туку поради страста. Но, страст или не, моето семејство е на прво место и ќе ги преземеме потребните акции“, напиша Рибери. 

Рибери и Фиорентина славеа на гостувањето кај Парма (1-2), а токму тогаш провалниците го искористиле времето во кое знаеле дека фудбалерот не е во својот дом. 

  • Видеото кое го објави Рибери: