• Зоран Мишевски

Македонската репрезентација никогаш не гостувала во помала земја од Гибралтар. Малата земја под британска капа на јужниот дел од Шпанија има само 30.000 жители, а фудбалерите, со мали исклучоци, не им се професионалци.
Денес нашите репрезентативци тренираа на „Викторија стадион“, а на само неколку метри од главниот терен со вештачка трева и неколку помали помошни терени, се наоѓа импровизирана писта, на која неколку пати дневно слетуваат авиони, главно од Велика Британија. Додека се случува полетување и слетување, границата и сообраќајот се затворени, а потоа нормално функционираат.
Погледнете како изгледа кога авион се движи среде град:
Македонските репрезентативци денес го одработија првиот тренинг и одмораат во својот хотел во непосредна близина на стадионот, каде што ќе се игра натпреварот.