Додека Интер играше во ЛШ, крадци го ограбија домот на италијански репрезентативец

Алесандро Бастони од Интер доживеа инцидент по враќањето од натпреварот во Лигата на шампионите. Додека дефанзивецот седеше на клупата и го следеше триумфот на својот тим со 2-1, неговиот дом во Кастели Калепио во провинцијата Бергамо бил ограбен.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, четворица разбојници упаднале во куќата и за неколку минути однеле вредни предмети, меѓу кои скапоцени часовници и дизајнерски торби. Алармот се активирал, но обезбедувањето и полицијата не успеале навреме да реагираат, па крадците избегале пред нивното пристигнување.

Инцидентот е веднаш пријавен до надлежните органи, а истрагата е во тек. Полицијата работи на идентификација на сторителите и проверува снимки од безбедносните камери од околината.