• Саше Љолес
Норвежанецот Оле Гунар Солскјер бележи одлични резултати со Бешикташ и оствари пет победи на последните седум натпревари, што беше доволен знак за управата да му понуди продолжување на соработката.
Солскјер пристигна како привремено решение со можност за нов договор, па откако покажа дека го заслужува тоа, управата реши да му понуди соработка до 2027 година.
„Не се покајав во ниту еден момент за одлуката да дојдам во Истанбул. Сфатив бргу колку голем клуб е Бешикташ.
На улиците низ градот сите навивачи сакаат да се фотографираат, да поразговараат и да изразат максимална поддршка. За секој тренер ова работно место би било идеално“, изјави Солскјер.
Бешикташ се искачи до четвртата позиција во турскиот елитен ранг, а во следното коло ќе се соочи со Кајзериспор на домашен терен.