Добрите резултати му донесоа нов договор на Ади Хутер во Монако

Управата на Монако реши да му даде нова шанса на тренерот Ади Хутер и ја продолжи соработката со австрискиот стратег до 30 јуни 2027 година, јавија француските медиуми. 

Хутер не ја започна најдобро етапата во тимот од кнежевството, но потоа успеа да ја крене формата и во моментов е на делба на второто место во Лига 1, а бележи одлични резултати и во Лигата на шампионите. 

Монако е веднаш зад третопласираниот Арсенал и има огромни шанси за влез во втората фаза, па сето ова беше доволна причина за челните лица да му укажат доверба на Хутер и за следните две сезони. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.