Добрите игри го сторија своето, нов договор за Матеј Цветаноски од Жељо

Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски добива нова соработка од управата на Железничар, каде пристигна минатата година и остави одличен впечаток во босанскиот прволигаш. 

Иако уште не е потврдено официјално, тамошните медиуми пренесуваат дека Македонецот ја продолжува соработката за уште најмалку една година. Цветаноски минатата сезона забележа учинок од седум гола и пет асистенции во првенството и Купот, со што се наметна како еден од најважните фудбалери во екипата. 

Во Босна и Херцеговина премина од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Партизани, Гијирмот, Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП. 

ФОТО/PHOTO: FK Zeljeznicar/Facebook