Добрите игри го натераа Далиќ да го врати Марко Ливаја меѓу „коцкестите“

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го повикал искусниот Марко Ливаја да се врати во националниот тим и да заигра за „коцкестите“ во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи за две години. 

Ливаја во 2023 година се повлече од националниот дрес, но Далиќ смета дека ќе му биде потребен за следниот циклус, особено поради одличната форма во која се наоѓа. Напаѓачот на Хајдук досега сезонава забележа 11 гола и осум асистенции, а до крајот на првенството има уште многу натпревари и овој учинок може да биде уште подобар. 

Во моментов Ливаја е најдобар стрелец во хрватскиот шампионат, а неговиот Хајдук има само два бода помалку од водечката Ријека. Хрватскиот напаѓач претходно одигра 21 натпревар за својата репрезентација.