Добрите игри дадоа резултат: Штутгарт го откупи договорот на Дениз Ундав

Управата на германскиот бундеслигаш, Штутгарт, соопшти дека го откупила договорот на напаѓачот Дениз Ундав, кој ќе се задржи кај „швабите“ до 2027 година. 

Германскиот репрезентативец минатата сезона постигна вкупно 19 голови и успеа да се наметне во првиот тим, што беше доволна причина за германскиот клуб да го откупи договорот од англискиот премиерлигаш, Брајтон. 

Со добрите игри си заслужи и повик од селекторот Јулијан Нагелсман за Европското првенство, каде одигра само седум минути на натпреварот против Унгарија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.