Добри вести за Зидан: Бензема тренира со нормален интензитет и ќе настапи против Хетафе

Карим Бензема

Францускиот напаѓач, Карим Бензема конечно ќе донесе добри вести за Зинедин Зидан и Реал Мадрид. Тој ќе се врати на терените за мечот против Хетафе, што секако ќе направи да се заборават големиот број на повреди на стартот од новата сезона во „кралскиот“ клуб.

Ова гостување и потенцијалната победа ќе му донесе на Реал нови три бода и намалување на предноста на Барселона, која ќе има тешко гостување во Мадрид, кај Атлетико. 

Сепак, Ковачиќ, Карвахал, Бејл и голманот Навас нема да бидат подготвени за саботниот меч на „кралевите“, па Зидан ќе мора да направи експерименти во првиот тим.

По дуелот со Хетафе во Примера, Реал го очекува натпревар во Лигата на шампионите против Тотенхем.