Добри вести за Вардар, Жуниор нема сериозна повреда

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар доби добра вест околу повредата на бразилскиот десен бек Жуниор, кој се пожали на болки на натпреварот против Шкендија и беше заменет предвреме.

Бразилецот уште на стартот на натпреварот нагази лошо, па се фати за задната ложа и падна на земјата. Мораше да интервенира лекарската екипа, а тој издржа на терен до полувремето, кога на негово место во игра влезе Бојан Колевски.

Фудбалерот ги мина лекарските прегледи, а истите покажале дека се работи за мало истегнување, поради кое ќе паузира најмногу до една седмица и ќе биде подготвен за наредните предизвици по репрезентативната пауза.

Жуниор е еден од најдобрите фудбалери во актуелниот тим на Вардар и во првиот круг и деветте одиграни кола по кои „црвено-црните“ се лидери на табелата има три постигнати гола, исто колку и Даниел Аврамовски.