Добри вести за Вардар: Мато не е сериозно повреден

Најдобриот играч на Вардар, Роџерс Мато, нема сериозна повреда и продолжува да игра активно фудбал овој месец, што е одлична вест за најтрофејниот клуб кој се бори за врвот оваа сезона.

Еден од најдобрите играчи во македонскиот шампионат оваа сезона на дербито со Струга постигна гол, но во 75. минута го напушти теренот заедно со клупските лекари и навивачите стравуваа за неговата состојба.

Сепак, добри вести од Уганда. Мато Роџерс е веќе со националниот тим, тренира и работи и во него се гледа како клучна фигура за квалификациските мечеви. Уганда е втора на табелата, игра за историско место на Мундијалот, има три победи по ред, а следен ривал ѝ е Боцвана.

21-годишниот Роџерс Мато игра во најдобра форма во кариерата, а зад своето име во шампионатот на Македонија има осум постигнати гола. Вардар имаше понуда да го продаде пред стартот на сезоната, но управата категорично ја одби понудата затоа што се работи за најдобриот играч.