• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи објави добри вести за навивачите, затоа што тргната е забраната за трансфери и регистрација која клубот ја имаше од страна на ФИФА заради долгови.
Соопштението на чаирчани Ви го пренесуваме во целост:
„Од денес, Шкупи нема повеќе забрана кај ФИФА. Како што кажавме претходно, сите долгови на клубот се исплатени, но, забраната не беше тргната веднаш заради неколку технички прроблеми и бирократски процедури.
Овој процес, иако беше надвор од наша контрола, беше предизвик кој ни побара сериозност и поственост, за да ги одбраниме интересите на клубот. Посветеноста на новото раководство беше максимална за оваа ситуација, затоа што се следеше секоја правна прроцедура, за да се заврши целата работа.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на навивачите за трпението, разбирањето и поддршката. Вашата лојалност и љубов за клубот се нашата најголема сила. Гледаме напред на новите предизвици, со желба да ги оствариме нашите цели“, се вели во соопштението.
Шкупи во ПМФЛ се наоѓа на шестото место, а во првото пролетно коло игра дерби со Работнички.