Добри вести за селекторот Милевски: Повредата на Бојан Миовски не е сериозна

Македонскиот репрезентативец и член на шпанската Џирона, Бојан Миовски, нема да отсуствува подолго време од терените, откако е утврдно дека повредата што ја доживеа на мечот со Леганес не е од посериозен карактер. 

Ова се добри вести за тренерот Мичел, но и за македонскиот селектор Благоја Милевски, кој сигурно ќе го повика Миовски за претстојните мечеви во Лигата на нации против Летонија и Фарските Острови. 

Миовски изнуди пенал за Џирона во победата над Леганес со 4-3, а токму тој старт врз него го примора тренерот да го извади од игра, иако сакаше да го изведе пеналот и да го запише првиот гол во шпанската Примера. 

Македонецот покажуваше знаци на одлична форма, постигна два гола во Куп-победата над Екстремадура, а на натпреварот со Леганес доби висока оценка од 7.4.