Добри вести за ПСЖ и Луис Енрике: Хакими ќе биде спремен за финалето во ЛШ

Пари Сен Жермен славеше во полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Баерн, со вкупни 6-5, но тоа не е единствената добра вест за парижани во пресрет на големото финале во Арсенал. 

Ашраф Хакими се повреди во првиот натпревар, па тренерот Луис Енрике не можеше да смета на мароканскиот десен бек во реваншот. Сепак, се шпекулира дека 27-годишниот дефанзивец веројатно ќе биде подготвен да се врати пред финалето и покрај повредата на бутот. Но, Енрике е загрижен за други работи.

Прашање е дали рускиот голман Матвеј Сафонов, кој беше меѓу стативите во полуфиналниот двомеч, ќе биде подготвен за финалето поради повреда на листот. Сафонов го повреди задниот дел од десната нога, што е случај и со еквадорскиот стопер Вилијан Пачо и португалскиот лев бек Нуно Мендеш. Двајцата ќе го пропуштат натпреварот од домашното првенство против Брест, но би требало да бидат подготвени за финалето на Лигата на шампионите.

Играчот за врска Варен Заир-Емери, кој има болки во грбот, исто така е надвор од стројот, но и тој би требало да биде подготвен за финалето во главниот град на Унгарија. Битката за трофејот, односно финалето ПСЖ - Арсенал, е закажана за сабота, 30 мај, од 18:00 часот.