• Мартин Танасковски
Голманот Мајк Мењан доби дозвола од лекарите да продолжи со целосните тренинзи со неговиот тим Милан, неколку дена по сударот со соиграчот Алехандро Хименез за време на натпреварот во Серија А со Удинезе, објави клубот.
Францускиот интернационалец за кратко падна во несвест и беше изнесен на носилки при победата од 4-0 во Удине. Итно беше пренесен во болница за понатамошни прегледи.
„Мењан беше подложен на специјализирани тестови кои отфрлија евентуални компликации. Во наредните денови Мајк ќе може постепено да продолжи со тренинзите“, се вели во клупското соопштение.
Прогнозите се дека тој ќе работи самојстојно три дена, а потоа ќе им се приклучи на соиграчите од Милан.