Добри вести за Флик: Рафиња се враќа во тимот на Барселона

Еден од најдобрите играчи на Барселона, Рафиња, се врати во составот за денешниот натпревар на гости против Џирона.

Бразилецот ги пропушти последните три натпревари за „блауграна“ поради проблем со мускул на десната нога, но денес тимот од „Камп Ноу“ откри дека медицинскиот тим му дал зелено светло да се врати.

Ова беше трета повреда на Рафиња од почетокот на сезоната. Вкупно, Бразилецот пропушти 13 натпревари поради повреди. Според „Спорт“, Рафиња нема да започне против Џирона, но најверојатно ќе влезе во игра во второто полувреме.

Бразилецот е еден од играчите со најсериозен придонес во офанзивниот план, а досега има 13 гола и пет асистенции за тимот на Ханси Флик. Маркус Рашфорд, Педри, Гави и Андреас Кристенсен остануваат надвор од составот за денешниот натпревар.