• Саше Љолес
Тренерот на шпанската Барселона, Ханси Флик, доби конкретни информации и конечно дозна кога точно се враќаат Ламин Јамал и Рафиња - двете ѕвезди кои се мачат со мали повреди.
Двајцата ќе бидат на располагање веднаш по репрезентативната пауза, односно за малото каталонско дерби против екипата на Џирона, кое ќе се одигра на осумнаесетти октомври.
Ним ќе им се придружи и Фермин Лопез, што значи дека Флик повторно ќе го има скоро најсилниот ростер на располагање.
Барселона се обидува да „закрепне“ по тешкиот пораз од Севиља (4-1). Тимот во моментов има два бода помалку во однос на водечкиот Реал Мадрид.


