Добри вести од Загреб: Адеми не е тешко повреден!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги исплаши навивачите на Динамо Загреб откако го напушти теренот против Омонија поради повреда, арно ама вестите кои доаѓаат од Загреб се добри за сите.

Динамо Загреб се огласи со соопштение во кое ги разреши сите дилеми околу состојбата на играчот од средниот ред. Капитенот се фати за мускулот и побара измена во 40. минута, а од Динамо велат дека се работи за полесна повреда, а не за скинат мускул како што претходно се претпоставуваше.

„Завршените прегледи покажаа мало оштетување на мускулот на десната нога. Клупската медицинска служба започна со процес на рехабилитација и физикална терапија, а Адеми се чувствува многу подобро“, велат од Динамо.

Динамо Загреб обезбеди два гола предност против Омонија (2-0) и во Кипар ќе оди на заверка на третата квалификациска рунда во ЛШ.