Добри вести од БиХ: Цветаноски по осум месеци тренира во полн интензитет

Македонскиот интернационалец во редовите на Железничар, Матеј Цветаноски, по седум месеци повторно тренира со полн интензитет.

Цветаноски заработи двојна скршеница на потколеницата на десната нога на натпреварот против Слога, одигран на „Грбавица“ на 25 февруари.

Македонскиот фудбалер веднаш беше подложен на оперативен зафат, по што следуваше долг процес на рехабилитација.

Денеска тој го одработи првиот тренинг со екипата со целосен интензитет и се доближи до своето враќање на терените.