Добра вест за тренерите: УЕФА со ново правило за финалињата во ЛШ и ЛЕ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе ново правило за финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа кое сигурно ќе ги радува тренерите на учесниците во мечот за трофеј.

Во овогодинешните финалиња, за првпат на клупата тренер ќе може да има на располагање 12 фудбалери. Досега не беше таква праксата, но од овогодинешните финалиња во Мадрид и Баку ситуацијата ќе биде различна.

УЕФА го тестираше ова правило на Суперкупот и истото се покажа како полн погодок за тренерите.

Овогодинешните финалиња во Лигата на шампионите и Лига Европа се англиски, затоа што таму играат Тотенхем и Ливерпул, односно Челзи и Арсенал.